Пред дуелот со Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на Шампиони навивачите на Барселона добија две вести, една добра и една лоша.

Добрата е што најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси ќе биде подготвен за мечот со “баварците“ и ќе започне од првата минута. Аргентинецот за да биде “фит“ за мечот во ЛШ го пропушти дуелот со Леванте во “Ла лига“, а цела недела работеше под посебна програма.

Лошата вест за навивачите е неиграњето на капитенот Карлес Пујол против Баерн поради повреда. Стратегот на Барселона, Тито Виланова има сериозни проблеми околу одбраната пред поуфиналниот натпревар.

Претходно се повреди Маскерано, сега и Пујол, а на мечот со “баварците“ Виланова може да ја промени формацијата од обично затоа што останува само со Пике на стоперската позиција.

Мх.П.