Европската куќа на ракометот ЕХФ од оваа сезона воведе награда за најкорисниот ракометар на завршниот турнир во Лигата на Шампиони.

Но, првото избирање на најдобар ракометар не помина онака како што треба, а тоа најдобриот да се избере од победничката екипа.

Наградата за најдобар ракометар ЕХФ му ја додели на Арон Палмарсон од вицешампионот Кил и со тоа го занемари успехот на „отпишаниот“ Флензбург.

Ако некој ја заслужуваше наградата за најдобар ракометар тоа сигурно е голманот на новиот првак Матијас Андерсон, кој брилираше на голот во двата натпревари на завршниот турнир од Лигата на Шампиони.

Иако оваа награда се доделува прв пат во Лигата на Шампиони сепак ЕХФ во неколку наврати покажа дека наградата за најкорисен ракометар се доделува на тимот што финалето го напуштил со наведнати глави, а не на оној кој го освоил трофејот.

Мх.П.