Атлетико Мадрид иако мали се` уште има шанси за пласман понатаму во Лигата на Шампиони, откако пред своите гледачи го совлада составот на Рома со 2-0. Трошка надеж во пресрет на последната рунда во фазата по групи донесе Ентони Гризман, кој на маестрален начин ја погоди мрежата на „волчицата“ и ја најави победата.

Во последната рунда на Атлетико Мадрид неопходна му е победа во Лондон против Челси и пораз на Рома на „Олимпико“ од Карабах, нешто што е невозможно, но сепак реално после евроголот на Гризман.

OhridNews