Вечерва, продолжуваат осминафиналните натпревари во Лигата на Шампиони. На програмата се мечевите Атлетико Мадрид – Челси односно Лацио – Баерн Минхен.

Шпанско-англиската пресметка ќе биде судар на двајца одлични тренери Диего Симеоне и Томас Тухел, кои негуваат различен стил на игра. „Јорганџиите“ на последните четири мечеви во шпанската Ла лига имаат една победа, а триумф против Челси ќе биде најава за излез од резултатската мини криза. „Сините“, пак, под водство на Тухел бележат позитивни резултати. Викендов ремизираа во Премиер лигата, но претходно нанижаа пет победи.

Втората осминафинална двојка ја сочинуваат Лацио и Баерн Минхен. Средбата со европскиот шампион за „лацијалите“ ќе биде супер предизвик, додека „баварците“ ја имаат улогата на фаворити. Италијаните секогаш играат добро кога од нив се бара резултат, затоа средбата на Олимпико ќе биде интересна и привлечна за гледање.

Мечевите се играат во 21 часот.

  • Двојки:

Атлетико Мадрид – Челси

Лацио – Баерн Минхен

  • Резултати:

Барселона – ПСЖ 1-4

Лајпциг – Ливерпул 0-2

Порто – Јувентус 2-1

Севиља – Борусија Дортмунд 2-3

OhridNews