Европскиот првак Баерн Минхен во последната рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони претрпе пораз од Манчестер Сити 3-2. Иако избраницие на Пеп Гвардиола имаа предност од 2-0 на крајот мораа да му подадат рака на англичаните кои одиграа ефикасен и пред се квалитетен фудбал.

Од групата А во следната фаза патуваат Манчестер Јунајтед и Леверкузен додека Шахјтор ќе ги продолжи натпреварите во Лигата на Европа. Откако ќе се доигра одложениот натпревар Галатасарај – Јувентус ќе биде познатиот вториот патник од Б групата, а првиот е Реал Мадрид.

Во Ц групата на ПСЖ во нокаут фазата друштво му прави Олимпијакос. Грците благодарение на подобриот меѓусебен дуел со Бенфика обезбедија пласман во 1/8 финалето. И претходно беше јасно дека Баерн Минхен и Мен Сити се патници од Д групата во елиминациската фаза од ЛШ.

Резултати :

Група А : Мен Ју – Шахјтор 1-0, Реал Сосиедад – Леверкузен 0-1

Табела : Мен Ју 14, Леверкузен 10, Шахјтор 8, Сосиедад 1.

Група Б : Копенхаген – Реал Мадрид 0-2, Галатасарај – Јувентус одложен

Табела : Реал Мадрид 16, Јувентус 6, Галатасарај 4, Копенхаген 4

Група Ц : Бенфика – ПСЖ 2-1, Андерлехт – Олимпијакос 3-1

Табела : ПСЖ 16, Олимпијакос 10, Бенфика 10, Андерлехт 1

Група Д : Баерн Минхен – Мен Сити 2-3, Викторија Плзен – ЦСКА Москва 2-1

Табела : Баерн Минхен 15, Мен Сити 15, Викторија 3, ЦСКА 3.

Мх.П.