Актуелниот првак Баерн Минхен во втората рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони гостува во Манчестер, но во „плавиот“ дел од градот.
Ибраниците на чилеанскиот стратег Мануел Пелегрини се во одлична форма, а во иста таква форма се и фудбалерите на Баерн Минхен кои незнаат за пораз од почетокот на сезоната.
Пред две сезони овие две екипи се сретнаа во групата од Лигата на Шампиони. Тогаш на дуелот на „Алијанц Арената“ славеше Баерн Минхен со 2-0, а со идентична победа возврати и Сити, но „граѓаните“ натпреварите ги завршија во групите.
Двојки :
Група А : Леверкузен – Реал Сосиедад, Шахјтор – Манчестер Јунајтед
Табела : Шахјтор 3, Мен Ју 3, Реал Сосиедад 0, Леверкузен 0
Група Б : Јувентус – Галатасарај, Реал Мадрид – Копенхаген
Табела : Реал Мадрид 3, Јувентус 1, Копенхаген 1, Галатасарај 0.
Група Ц :Андерлехт – Олимпијакос, ПСЖ – Бенфика
Табела : ПСЖ 3, Бенфика 3, Андерлехт 0, Олимпијакос 0
Група Д : Мен Сити – Баерн Минхен, ЦСКА Москва – Викторија Плзен
Табела : Мен Сити 3, Баерн Минхен 3, ЦСКА 0, Викторија Плзен 0.
Мх.П.