Атлетико Мадрид и Баерн Минхен им се приклучија на Манчестер Сити и Реал Мадрид во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони.


„Јорганџиите“ во 1/4 финалето успеаја да го запрат Европскиот шампион, Барселона елиминирајќи го со вкупни 3-2. Атлетико Мадрид со победата од 2-0 на домашен терен ја надополни негатива 2-1 од првиот меч на Ноу Камп.


Германскиот првак на гостувањето во Португалија ремизираше 2-2 со Бенфика и со победата (1-0) од Алијанц Арената обезбеди пласман меѓу најдобрите четири.


Ждребката за 1/2 финалните двојки е в петок, а првите мечеви на програмата се 26/27 април.

Мх.П.