Ракометарите на Атлетико Мадрид немаа одговор за расположениот голман на Барселона, Даниел Шариќ, кој имаше 18 интервенции од кои три седмерци.
Неговите успешни одбрани немилосрдно во голови ги крунисуваа Рутенка (11 голови), капитенот на каталонците Томас (4 голови)и Монтреро (4 голови).
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров немаше свој ден постигна шест голови и промаши два седмерци на стартот од мечот. Најпрецизен во составот на “црвено белите“ беше пивотменот Агинагалде со 11 голови.
Барселона во завршницата од ракометната Лига на Шампиони обезбеди пласман заедно со бранителот на трофејот екипата на Кил.