Во вториот полуфинален натпревар од Лигата на Шампиони ќе се сретнат екипите Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Навивачите на Реал Мадрид треперат дали ќе настапи Кристијано Роналдо, а италијанскиот стратег Карло Анчелоти најавува дека тој ќе игра само ако е 100% подготвен.
Од друга страна Баерн Минхен е актуелен првак и гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде одличен испит за неговите можности.
Мх.П.











