Европската куќа на фудбалот (УЕФА) строго забрани навивачки кореографии во финалето од Лигата на Шампиони каде што ќе се сретнат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Овогодинешното финале ќе се одигра на „Вембли“, а навивачите на два тима ќе бидат сместени во еден дел близу вип местата и позициите за спонзорите.

Со големите кореографии според УЕФА ќе им се наруши видокот на вип гостите и спонзорите без кои Лигата на Шампиони немаше да биде тоа што е денес.

Мх.П.