Германскиот бундеслигаш Флензбург е новиот владетел во ракометна Европа. Во германското финале од Лигата на Шампиони, Флензбург го совлада Кил со 30-28 (14-16).

Пред почетокот на завршниот турнир во Келн на ракометарите на Флензбург не им се даваше ниту најмала шанса за освојување на тронот.

За бундеслигашот ова е прва титула од Лигата на Шампиони во третото финале.

Мх.П.