Без голови и без победник заврши пресметката на Ноу Камп помеѓу Барселона и Славија Прага додека Лајпциг ги освои трите бодови победувајќи го Зенит во Русија со 2-0.

Барселона направи се на мечот со Славија Прага на домашен терен но немаше одговор за расположениот  голман Ондреј Колар кој правеше чуда на голот. Колар во очај ги фрли Лионел Меси, Ентони Гризман и другите играчи со фантастичните интервенции. Гостите од Чешка не упатија ниту еден удар кон голот на каталонците но бодот за нив е како победа.

Германскиот состав со по еден погодок во двете полувремиња победи и ги зграпчи бодовите. За 1-0 во третата минута од судиското продолжение во првиот дел погоди Диего Деме. Лајпциг на 2-0 зголеми во 63-та минута преку Марсел Шабицер.

Вечерашните возбудувања продолжуваат со преостанатите шест натпревари кои почнуваат во 21 часот.

OhridNews