Екипата од Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед во реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони има ѓаволски тешка задача да ја надохнади предноста 2-0 на Олимпијакос од првиот натпревар одигра пред две седмици во Атина.

За „црвените ѓаволи“ кои се познати по неверојатните пресврти не е ништо невозможно, но моменталната форма на „бебињата“ воопшто не ветува такво нешто.
 
Осминафиналето во ЛШ е последната шанса за Мојс сезонава да го обели образот пред целата светска фудбалска јавност бидејќи се што градеше и правеше неговиот претходник Фергусон, тој го сруши за нецела сезона.

Во вториот осминафинален натпревар ќе се се сретнат Европскиот вицепрвак Борусија Дортмунд и Зенит. Првиот дуел од двомечот им припадна на „милионерите“ со 4-2.

Претходно пласман во најдобрите осум обезбедија Баерн Минхен, Барселона, Атлетико Мадрид, Челси, Реал Мадрид и ПСЖ.

Мх.П.