Унгарскиот ракометен првак Ѓер се искачи на тронот од Европскиот ракомет откако триумфираше во Лигата на Шампиони.
Во големото финале „домаќините“ го совладаа црногорскиот преставник Будучност со 26-20 (15-10) и ја одбранија титулата освоена минатата сезона.
За прв пат во женскиот елитен европски ракомет се играше завршницата, а во неа место имаше и за македонскиот првак, Вардар, кој стигна до третата позиција.
Мх.П.