Германските фудбалски гиганти Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе се сретнат во овогодишнето финале од Лигата на Шампиони.


Во реванш натпреварот на Ноу Камп против Барселона избраниците на германскиот стратег Хуп Хејнкенс не дозволија изненадувања и триумфираа со 3-0.

По првиот дел мрежите мируваа, но повеќе од шансите имаше екипата на Баерн Минхен. Тоа што не го искористија “баварците“ во првите 45 минути, го надохнодија во вторите. Дебаклот на Барселона ја започна Робен, продолжи со автоголот на Пике, а точка стави Милер во 75-та минута.


На 26 мај на прославениот англискиот стадион „Вембли“, “баварците“ ќе се борат за петтата круна додека “милионерите“ за втората титула во Лигата на Шампиони.

Мх.П.