Еден од најголемите фаворити за пехарот од Лигата на Шампиони, Барселона претрпе тежок пораз од Рејн Некар Ловен 38-31 во првиот четвртфинален натпревар.

Освен македонскиот интернационалец Кирил Лазаров, кој постигна 10 погодоци немаше друг расположен ракометар во тимот на Барселона. Во германскиот бундеслигаш најпрецизен беше Геншајмер со неверојатни 14 голови.
На реванш натпреварот од 1/4 финалето на каталонците им е неопходна игра каква што прикажа Рајн Некар Ловен за да ги одржат во живот шампионските амбиции.
Мх.П.











