Симпатизерите на германскиот фудбал односно на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен го имаат главниот збор на социјалните мрежи. По “баварците“ кои со 4-0 ја совладаа Барселона, лекција по фудбал им одржа младиот состав на Дортмунд победувајќи го Реал со 4-1. Еве дел од коментарите на “Фејсбук“.

Не ојте Германија, голој паѓет.

Ми мирисат на германско финале во ЛШ.

Некако тивки ми се навивачиве на Реал Мадрид.

Фудбалот е игра во која на крајот победуваат германците.

Покрај високиот пораз на Реал Мадрид, неговите симпатизери не ја губат надежта за пласман во големото финале.

Една изгубена битка не значи дека војната е изгубена ! Напред Реал Мадрид !

Неутралните љубители на фудбалот имаат причина за “сеир“ по поразот на Реал Мадрид. Тие добро си поиграа со “кралевите“ и напишаа “сочни“ коментари.

Што имаат заедничко Диего Лопез и Виктор Валдез ?? Полна мрежа.

Реал Мадрид и Барселона, „Ел Мизерико“.

Левандовски играчиште, левичар, а голојве на Реал Мадрид десна нога им ги даде.

Мх.П.