Германската пресметка во ЛШ закажана е за в сабота на 25 мај, УЕФА честа да го води овој меч му даде на 42-годишниот Италијанец.
Во досегашните натпревари од ЛШ, Рицоли само еднаш ја делел правдата на еден од овие два тима. Баерн Минхен со Рицоли на центарот претрпе пораз од Манчестер Јунајтед 3-2, но обезбеди пласман во понатамошната фаза откако на домашен терен славеше со 2-1.
Тогаш на “Олд Трафорд“, италијанскиот арбитар предвреме го испрати Рафаел во соблекувалните доделувајќи му црвен картон.