Марио Геце ја заврши својата кариера во тимот на Борусија Дортмунд. Тој поради повреда ќе го пропушти мечот со Баерн Минхен во финалето од Лигата на Шампиони, кој е последен за “милионерите“ оваа сезона.

Геце од следната сезона ќе се пресели на “Алијанц Арената“, а трансферот изнесуваше околу 40 милиони евра. Повредата германскиот репрезентативец ја заработи на реванш натпреварот со Реал Мадрид.

– Многу сакав да играм во финалето и се борев да го направам тоа, но повредата испадна поголема од мојата желба. Но, јас верувам во екипата и ќе отпатувам со нив во Лондон заедно да ја прославиме европската круна –
рече Геце.

Финалето во Лигата на Шампиони се игра в сабота со почеток во 20:45 часот на англискиот стадион „Вембли“.

Мх.П.