Со третата рунда во групната фаза полека започнува разврската во Лигата на Шампиони. Гигантите Баерн  Минхен, Јувентус и првакот Челси бодови ќе бркаат победи на гостински терен.

“Баварците“ во минатото коло претрпеа пораз од Бате Борисов и на мечот со Лил немаат премногу опции. Јувентус сезоната во најеминетнтото натпреварување го започна класично италијански со две нерешени средби. По триумфот во дербито со Наполи следен противник за “старата дама“ е Нордсјеланд.

Актуелниот шампион Челси сезонава плени со разноврсната во играта. “Сините“ предводени од менаџерот Роберто Ди Матео на клупата знаат што сакаат на секој натпревар. Но, сега ги очекува тешко гостување во ладната и студена Украина, а противник им е Шахјтор.

Двојки :

Група Е: Нордсјеланд – Јувентус и Шахтјор – Челзи.

Табела: Челзи 4 бодови, Шахтјор 4, Јувентус 2 и Нордсјеланд 0.

Група Ф: БАТЕ Борисов – Валенсија и Лил – Баерн Минхен.

Табела: БАТЕ Борисов 6 бодови, Валенсија 3, Баерн Минхен 3 и Лил 0.

Група Г: Спартак Москва – Бенфика и Барселона – Селтик.

Табела: Барселона 6 бодови, Селтик 4, Бенфика 1 и Спартак Москва 0.

Група Х: Галатасарај – Клуж и Манчестер Јунајтед – Брага.

Табела: Манчестер Јунајтед 6 бодови, Брага 3, Клуж 3 и Галатасарај 0.

Мх.П.