Гигантите во европскиот фудбал, Баерн Минхен и Реал Мадрид со мечот на Алијанц Арената ќе ги отворат полуфиналните дуели од Лигата на Шампиони. Другата двојка ја сочинуваат Челси и Барселона, но нивниот меч на програмата е в среда.


Петкратниот првак Баерн Минхен, последен пат во финалето играше во 2010 година кога беше совладан од Интер на Горан Пандев со 2-0. “Нероазурите“ до тронот ги водеше сегашниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.


– Овие две екипи имаат богато минато, но тоа не игра на мечевите. Нашиот противник ќе биде екстра мотивиран на мечот, бидејќи финалето се игра на нивниот стадион. Но и ние си имаме свои “математики“, лани игравме 1/2 финале и испаднавме, а оваа сезона сакаме да играме во финалето – истакна Мурињо.

Легендата на Баерн Минхен, Франц Бекенбауер верува во пласман на неговата екипа. Тој ја потенцираше на германската борбеност и ангажираност на секој меч.


Мх.П.