Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, во среда, на натпреварот со Шахтјор во второто коло од Лигата на шампиони, ќе има можност да го собори рекордот на Раул Гонзалес.

Велшанецот, веќе го израмни рекордот на Раул според бројот на настапите во елитното натпреварување, а доколку од менаџерот Дејвид Мојес добие шанса да се појави на теренот тогаш ќе го забележи 145-от настап со што ќе стане апсолутен рекордер.

Навистина. Не го знаев тоа. Лигата на шампиони е одлично натпреварување, среќен сум што можам да играм во ова натпреварување, имав можност и да го освојам трофејот, а сум одиграл и некои незаборавни мечеви“, им изјавил Гигс на англиските медиуми.

Многу големи играчи го одбележале ова натпреварување, Раул е еден од најголемите. Постигнал најмногу голови, три пати го освојувал пехарот. Ќе бидам горд доколку го соборам неговиот рекорд“, дополнил Гигс.

„Макфакс“