Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс во дуелот со Шахјтор од Доњецк го запиша 145-от настап во Лигата на Шампиони што преставува нов рекорд. Велшанецот од врвот го симна Раул, кој своевремено во ЛШ настапуваше во дресовите од Реал Мадрид и Шалке.
39-годишниот член на „црвените ѓаволи“ во игра влезе во 66-та минута на местото од Белгиецот, Мароуне Фелаини и испиша нова страница во Лигата на Шампиони.
Но, рекордот на Гигс воопшто не е сигурен бидејќи само шест помалку новиот рекордер има Чави Хернандез од Барселона, кој се очекува да настапи барем една-две сезони повеќе од велшкиот интернационалец.
По Гигс и Раул, третото место по најмногу настапи го зазема уште една фудбалска легенда а тоа е Паоло Малдини со 140. Потоа следуваат холанѓанецот Кларенс Сидорф (131) и Англичанецот, Пол Сколс со еден помалку.
Мх.П.