Фудбалерите на Манчестер Сити и Реал Мадрид ги искористија мечевите на домашен терен во првата од двете рунди во четвртфиналето од Лигата на Шампиони, совладувајќи ги Борусија Дортмунд со 2-1 односно Ливерпул со 3-1.

„Граѓаните“ погодокот за победа го постигнаа во 90-та минута преку Фил Фоден. Претходно, Манчестер Сити поведе со погодокот на Кевин де Брујне, а германците изедначија со голот на капитенот Марко Ројс.

„Кралевите“, пак, со погодоци ги казнија грешките во одбрана на англискиот шампион во првиот дел и со головите на Винисиус и Марко Асенсио обезбедија предност од 2-0. Мо Салах во 51-та минута намали на 2-1, а конечните 3-1 беа дело на Винисиус, кој по втор пат се запиша во листата на стрелци.

Реваншите во Дортмунд и Ливерпул се играат следната среда.

OhridNews