Искусниот стратег на клупата од Баерн Минхен, Јуп Хејнкенс, и покрај високата предност по првиот полуфинален дуел со Барселона сеуште не е сигурен во пласманот на неговта екипа во големото финале.


– Прво што мора да направиме е да наметнеме наш стил на игра и да не влеземе во нивната “тик так“ машинерија. Нашата последна линија во одбрана мора да биде далеку од голот. Барселона е најдобра екипа за која настапуваат вонсериски фудбалери. Убеден сум дека тие ќе дадат се од себе да ја анулираат нашата предност стекната на првиот натпревар. Наша цел пред мечот е да постигнеме погодок, кој ширум ќе ни ги отвори вратите од Вембли – потенцираше Хејнкенс.

Никогаш во историјата на Лигата на Шампиони, екипа која имала негатива од четири погодоци не се обезбедила пласман во борбата за првото место.

Мх.П.