Извршниот одбор на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе конечна одлука околу форматот, местото и термините за доигрување на двете клупски натпреварувања, Лигата на Шампиони и Лигата на Европа, кои беа прекинати поради пандемијата на вирусот Ковид -19.

Лигата на Шампиони ќе заврши со турнир на кој ќе учествуваат најдобрите осум екипи. Домаќин ќе биде градот Лисабон, Португалија. Мечевите ќе се играат од 12 до 23 август. Дилема останува каде и како ќе се одиграат преостанатите четири осминафинални натпревар по кои ќе треба да се официјализираат осумте екипи учесници на завршниот турнир.

Домаќин на завршниот дел од сезоната во Лигата на Европа ќе биде Германија. Градовите Келн и Франкфурт се најсериозни кандидати и многу веројатно таму ќе се бие битка за трофејот во најмасовното клупско натпреварување во Европа. Исто така и во ЛЕ останува дилемата, како и каде ќе се доиграат мечевите од 1/4 финалето.

До крајот на овој месец или на почеток од другиот месец, УЕФА треба да ги реши дилемите и да ја официјализира завршницата во ЛШ и ЛЕ по прв пат по скратен формат.

OhridNews