Ракометарите на Вардар го задржаа стопроцетниот ефект во фазата по групи во Лигата на Шампиони, откако пред своите гледачи во третата рунда со 28-20 (13-11) го совладаа тимот на Загреб.
„Црвено црните“ натпреварот во Скопје не го започнаа најдобра, а гостите максимално го искористија и поведоа со 3-0.
После минутата одмор на шпанскиот стратег Раул Гонзалес, „вардарци“ направија серија 7-1 и ги донесоа во колосек работите во спортска арена Јане Сандански.
Од тогаш домашните ракометари не ја испуштија предноста до првиот дел, кој го добија со 13-10.
Во вториот период ракометарите на европскиот владетел уфрлија брзина погоре, гостинските ракометари немаа одговор и мораа да му честитаат на Вардар.
Одличен на голот одново беше Арпад Штербик кој запиша 13 одбрани, а во листата на стрелци се истакнаа Македа и Борозан кои постигнаа по четири погодоци.
Во четвртата рунда Вардар гостува во Унгарија кај составот на Пик Сегед.
OhridNews