Седум кратниот освојувач на Лигата на Шампиони, Милан ремизираше 1-1 на гостувањето во Холандија кај Ајакс. Домаќините први поведоа, но расположениот Ибрахимович со третиот погодок во овогодинешната сезона го изедначи резултатот.


Освоивме бод а можевме три не е лошо. Се осеќам добро во дресот на “росо нерите“ затоа и играм добро. Ќе бидиме уште по опасни кога ќе се воигра целата екипа. изјави популарниот “Ибракадабра“.


Реал Мадрид потешко од очекувањата триумфираше на гостувањето кај Оксер. Аргентискиот интернационалец Анхел Ди Марија на десет минути пред крајот го постигна погодокот вреден три бода. “Лос Бланкос“ по две одиграни кола имаат максимален ефект од шест бодови.


– Нашата група е тешка а ние по две кола имаме две победи. Со победата над Оксер ја исполнивме целта и сум многу задоволен. смета португалскиот стратег Хозе Мурињо.


Во наредното третото и четвртото коло “кралевите“ ќе се сретнат со Милан и ќе одлучуваат кој ќе ја заземе првата позиција во групата Г.

– Со победа над Милан ние фактички сме во вториот круг. Голем успех е само три кола да мислиш за наредната фаза во Лигата на Шампиони. додаде “специјалниот“.