Во Нион, беа извлечени паровите за 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. Актуелниот првак Интер и македонскиот репрезентативец  Горан Пандев ќе се сретнат со уште еден германски преставник, Шалке.

Ждрепката сакаше финалистите од 2008 година Челси – Манчестер Јунајтед да вкрстат во 1/4 финалето. Реал Мадрид го доби дебитантот во Лигата на Шампиони незгодниот Тотенхем  додека “машинеријата“ Барселона го доби познатиот противник Шахјтор.


Првите натпреварите од 1/4 финалето се играат на 5/6 април додека реванш мечот се игра на 12/13 април.

Двојките во 1/4 финалето

1. Реал Мадрид – Тотенхем
2. Челси – Мен Ју
3. Барселона – Шахјтор
4. Интер – Шалке

Шемата за 1/2 финале.

Победник Интер/Шалке – Победник Челси/Мен Ју
Победник Реал Мадрид/Тотенхем – Победник Барса/Шахјтор

Мх.П.