Актуелниот освојувач на титулата во Лигата на Шампиони, Интер на реванш
натпреварот со Шалке 04 ќе има (не)возможна мисија да ја анулира
предноста од 5-2 на германците стекната по првиот натпревар одигран на
Џузепе Меаца.


За единствениот германски преставник во најеминтното натпреварување ова е
историска шанса да се најдат во 1/2 финалето каде ги очекува Манчестер
Јунајтед.“Сините“ кои мака мачат во Бундес Лигата а во Лигата на
Шампиони го згазија Интер на првиот натпревар. 

Горан Пандев и Интер го знаат рецептот за елиминација на германски клуб,
во 1/8 финалето Баерн Минхен беше подобар со 1-0 на првиот натпревар
додека реванш мечот на Алијанц арената “нероазурите“ во драматичен меч
го добија со 3-2. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев во 90-та
минута беше човек одлука постигнувајќи фантастичен погодок.

Мх.П.