Фудбалерите на Интер ги задржаа шансите за пласман во елиминациските натпревари во Лигата на Шампиони, откако славеа со 3-2 во Германија кај тимот на Борусија Менхенгладбах.

„Нероазурите“ во вистински момент се разиграа и победија, со што го скршија мразот во фазата по групи во ЛШ. Интер поведе со голот на Дармијан, а домаќините изедначија преку Плеа. Во вториот дел, Интер со головите на Лукаку обезбеди водство 3-1. Борусија Менхенгладбах намали на 3-2, а постигна и гол за 3-3, но ВАР системот го поништи поради офсајд.

Во последната рунда од групата, Интер го пречекува Шахтјор а Реал Мадрид ќе се судри со Борусија Менхенгладх.

Резултати:

Група А: Локомотив Москва – Салзбург 1-3, Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 1-1

Табела: Баерн Минхен 14, Атлетико Мадрид 6, Салзбург 4, Локомотив Москва 3,

 

Група Б: Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид 2-0, Борусија Менхенгладбах – Интер 2-3

Табела: Борусија Менхенгладбах 8, Реал Мадрид 7, Шахтјор Доњецк 7, Интер 5

 

Група Ц: Порто – Манчестер Сити 0-0, Олимпик Марсеј – Олимпијакос 2-1

Табела: Манчестер Сити 12, Порто 9, Олимпијакос 3, Олимпик Марсеј 0

 

Група Д: Аталанта – Митјиланд 1-1, Ливерпул – Ајакс 1-0

Табела: Ливерпул 12, Аталанта 8, Ајакс 7, Митјиланд 1

OhridNews