Со последните два натпревари Базел – Баерн Минхен и Олимпик Марсеј – Интер се затвара првиот круг од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.

Може ли швајцарскиот Базел да приреди уште едно изненадување во Лигата на Шампиони. Имено, Базел во групната фаза го елиминираше Манчестер Јунајтед а пречка во 1/8 финалето е германската “машинерија“ Баерн Минхен.

Освојувачот на Лигата на Шампиони од 2010 година Интер, спас за пропадната сезона ќе бара во најеминетното натпреварување каде за противник го има францускиот Марсеј. Тренерите на двете екипи ќе немаат проблеми со составувањето на екипите, на располагање ги имаат најдобрите. Интер и Олимпик Марсеј имаат одиграно два натпревари меѓу себе и двата ги добил Интер со 1-0 во Купот на Уефа.

Мх.П.