Вечерва (21 часот), „Етихад“ стадионот во Манчестер ќе го даде првиот патник во големото финале во Лигата на Шампиони. За билетот во финалето ќе се борат домашниот состав Манчестер Сити и францускиот дрим тим Пари Сент Жермен.

Во пресрет на реваншот, Манчестер Сити има мошне поволен резултат, бидејќи „граѓаните“ со 2-1 славеа во Париз, во првиот полуфинален двобој на „Паркот на Принцовите“.

Манчестер Сити е одлична позиција да го зграпи финалниот билет и за прв пат во клупската историја да се пласира во финалето, додека „светците“ мора да атакуваат на триумф со два погодоци разлика или со еден, но со најмалку два постигнати погодоци.

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола на располагање ги има сите фудбалери, додека мали проблеми има Маурицио Покетино кој не може да смета на Гаја кој доби црвен картон и Јулијан Бернат. Неизвесен беше Килијан Мбапе, но најверојатно Французинот ќе го започна мечот од првата минута.

Вечерашниот дуел ќе го суди холандскиот судија Бјорн Кјуперс.

Во утрешното полуфинале ќе се сретнат Челси – Реал Мадрид.

OhridNews