Изборот на најдобрите за натпреварите од третата рунда во Лигата на Шампиони овој пат е без преставник од Вардар, но има од Металург и тоа во името на голманот, Дарко Арсиќ.
Чуварот на мрежата на „металурзите“ со двојна интервенција си го обезбеди второто место во изборот за најдобрите.
Во најдобрите голови и во идеалниот тим немаше место за ракометарите од Вардар и Металург кои забележаа победи во третата рунда.
Идеален тим:
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек: Стипе Мандалиниќ (Загреб)
Среден бек: Матеи Лекај (Веспрем)
Десен бек: Холгер Гландорф (Фленсбург)
Десно крило: Гал Маргуч (Целје)
Пикер: Камил Сипржак (Барселона)
Голман: Матијас Андерсон (Фленсбург)
OhridNews