Швајцарскиот Базел го приреди најголемото изненедување во втората рунда од А-Д сегментот во Лигата на Шампиони. Швајцарците кои беа во негатива од два гола по првите 45 минути благодарение на головите на Фабио и Александар Фреј поведоа на Олд Трафорд. Честа на “бебињата” ја спаси Јанг поставувајќи ги конечните 3-3.

Бенфика го искористи киксот на Манчестер и по триумфот над Отелул Галати со 1-0 се искачи на врвот на табелата во групата.

Интер ја забележа првата победа во Лигата на Шампиони, откако со 3-2 славеше на гостувањето кај ЦСКА во Москва. Нероаѕурите имаа два гола предност, ги испуштија, а победата ја донесе новакот Зарате. Трабзон и Лил ремизираа 1-1.

Немаа проблеми домаќините во Ц групата. Реал Мадрид со 3-0 го совлада Ајакс, додека Лион со 2-0 го порази Динамо З.

Хамшик и Кавани беа творци на победата за Наполи над Виљареал со 2-0. Пандев доби шанса во вториот дел во финишот на мечот на местото на Кавани. Баерн со идентични 2-0 го совлада милионскиот Манчестер Сити.



М.П.