Со натпреварите од  А-Д сегментот во Лигата на Шампиони ќе се одигра последното шесто коло од најеминентото натпреварување Лигата на Шампиони. 


Англискиот Тотенхем и бранителот на трофејот Интер на гостувањата кај Твенте односно Вердер ќе ја бркаат првата позиција во групата А. “Петлите“ се во пол позиција благодарение на подобриот скор во меѓусебниот дуел со актуелниот првак Интер.


Двојки: Твенте – Тотенхем, Вердер – Интер

Табела: Тотенхем 10 бодови, Интер 10, Твенте 5, Вердер 2

Португалскиот преставник во Лигата на Шампиони Бенфика на Луш стадионот мора да триумфира над лидерот во групата Шалке, но со мислите ќе се во Франција каде Лион го пречекува “фенерџијата“ Хапоел Тел Авив.


Двојки: Бенфика – Шалке, Лион – Хапоел Тел Авив

Табела: Шалке 10 бодови, Лион 9, Бенфика 6, Хапоел 4

Дуелот на “Театорот на соништата“ помеѓу Манчестер Јунајтед и Валенсија ќе го даде конечниот пласман во Групата В. Ако “лилјаците“ не ја затресат мрежата на Едвин ван дер Сар, чуварот на мрежата на “бебињата“ ќе влезе во аналите на Лигата на Шампиони како голман што не бил совладан во групната фаза. На преостанитиот натпревар ќе се сретнат турската Бурса и шкотскиот Глазгов Ренџерс.


Двојки: Мен Ју – Валенсија, Бурса – Глазгов Ренџерс

Табела: Мен Ју 13, Валенсија 10, Глазгов 5, Бурса 0

Данскиот првак Копенхаген со триумф над последно пласираниот Панатинаикос за прв пат во својата историја ќе се пласира во наредната фаза во Лигата на Шампиони. Барселона која е веќе пласирана на Ноу Камп ќе го пречека стариот должник рускиот Рубин Казан.


Двојки: Барселона – Рубин Казан, Копенхаген – Панатинаикос

Табела: Барселона 11, Копенхаген 7, Рубин Казан 6, Панатинаикос 2

Мх.П.