Трократниот освојувач на Лигата на Шампиони, Манчестер Јунајтед на добар пат е да заигра во финалето на Вембли против Барселона. “Црвените ѓаволи“ голем дел од работата завршија во првиот 1/2 финален натпревар на “Велтинс“ арената совладувајќи го Шалке со 2-0.


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон за денешниот реванш меч со Шалке го изостави Вејн Руни. Напаѓачот на “бебињата“ ја истегнал задната ложа на натпреварот со Арсенал. Партнер на Чичарито на 1/2 финалниот натпревар од Лигата на Шампиони ќе му прави бугаринот Димитар Бербатов. Во стројот на “црвените ѓаволи“ по подолго време се враќа Дарен Флечер.


Германскиот преставник во Лигата на Шампиони, Шалке со пласманот во 1/2 финалето го направи најголемиот успех во историјата. “Сините“ во 1/4 финалето го срушија актуелниот првак Интер, со убедливата гостинска победа од 5-2.

Мх.П.