“Старата дама“ во целиот натпревар ја контролираше играта и стрпливо ја чекаше својата шанса.
По ударот на Пирло, Кваљарела малце, но доволно ја закачи топката која го смена правецот и заврши зад грбот на Чех.
Нападите на “сините“ не вродија со плод. Ударите на Мата, Хазард и Рамиреш лесно ги скротуваше Буфон
Во вториот дел “бјанконерите“ со голот на Видал го дуплираа водството. Џовинко со погодок во финишот на мечот го дотолчи европскиот првак и сериозно ја загрози судбината на менаџерот на Челси, Роберто Ди Матео.
Во вториот натпревар од групата Шахјтор со 5-2 го совлада данскиот Нордсјеланд и изби на чело на табелата.
Група Е:
Нордсјеланд-Шахтјор 2-5, Јувентус-Челзи 3-0
Табела: Шахтјор 10, Јувентус 9, Челзи 7, Нордсјеланд 1
Група Ф:
БАТЕ Борисов-Лил 0-2, Валенсија-Баерн Минхен 1-1
Табела: Баерн 10, Валенсија 10, БАТЕ 6, Лил 3
Група Г:
Спартак Москва-Барселона 0-3, Бенфика-Селтик 2-1
Табела: Барселона 12, Селтик 7, Бенфика 7, Спартак 3
Група Х:
Галатасарај-Манчестер Јунајтед 1-0, Клуж-Брага 3-1
Табела: Манчестер Јунајтед 12, Галатасарај 7, Клуж 7 , Брага 3.