Во вторник, во Лигата на шампиони, ќе се одиграат натпреварите од третото коло во групите Е, Ф, Г и Х. Ова коло ќе го обележат пресметките помеѓу англиските и германските, односно италијанските и шпанските тимови.

Горан Пандев, со Наполи, во ова коло ќе гостува во Марсеј кај Олимпик, екипа која има два порази во воведните две кола, додека Даниел Георгиевски со Стеауа, првата победа во елитата ќе ја бара на домашен терен против Базел.
Група Е: Шалке-Челзи, Стеауа-Базел
Група Ф: Арсенал-Борусија Дортмунд, Олимпик Марсеј-Наполи
Група Г: Австрија Виена-Атлетико Мадрид, Порто-Зенит
Група Х: Милан-Барселона, Селтик-Ајакс.
„Макфакс“










