Иако германскиот преставник во Лигата на Шампион е фаворит во дуелот со Металург сепак тие претпазливо доаѓаат на првиот четвртфинален меч во Скопје.
– Со победите над ПСЖ и Барселона не само ја стресоа Европа туку докажаа дека се работи за квалитетен состав, кој може секого да го совлада. Не очекува пеколна атмосфера пред 7000 гледачи и ќе биде вистинско задоволство да се игра против тимот на Металург – стои на официјалната интеренет страна на Кил.
Натпреварот се игра в сабота со почеток во 18:30 часот додека реваншот седум дена подоцна.
Мх.П.