Германскиот ракометен првак Кил со победата над Мотор Запорожје 31-28 ја отвори првата елиминациската фаза во Лигата на Шампиони.

Поради новонастаната ситуација во Украина, дуелот Мотор Запорожје на домашен терен го одигра во унгарскиот град Ѓер, а без помошта на навивачите тешка беше задачата да се извлече поволен резултат со квалитетните германци.

Во осминафиналната фаза во ЛШ македонскиот ракомет има два престацници и тоа Вардар и Металург, а ќе се сретнат со Хамбург односно Колдинг.

Двојки : Алборг – Барселона, Вардар – Хамбург, Висла Плок – Веспрем, Горење – ПСЖ, Целје – Флензбург, Металург – Колдинг, Киелце – Рајн Некар.

Мх.П.