Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде домаќин на фудбалската класика во која ќе се сретнат деветкратниот првак во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид и италијанскиот шампион Јувентус.


Натпреварите помеѓу овие два тима секогаш изобилувале со многу погодоци и маестрални потези било каде да се играле дали во групите или во елиминациската фаза.

Двата тренери Карло Анчелоти (Реал Мадрид) и Антонио Конте (Јувентус) немаат проблеми со повредени фудбалери и на „Сантијаго Бернабеу“ ќе истрчаат со најсилните состави.

Двојки :

Група : Мен Ју – Реал Сосиедад, Леверкузен – Шахтјор

Табела : Мен Ју 4, Шахјтор 4, Леверкузен 3, Реал Сосиедад 0.

Група Б : Галатасарај – Копенхаген, Реал Мадрид – Јувентус

Табела : Реал Мадрид 6, Јувентус 2, Копенхаген 2, Галатасарај 1

Група Ц : Андерлехт – ПСЖ, Бенфика – Олимпијакос

Табела : ПСЖ 6, Олимпијакос 3, Бенфика 3, Андерлехт 0

Група Д : ЦСКА – Мен Сити, Баерн Минхен – Викторија Плзен

Табела : Баерн Минхен 6, Мен Сити 3, ЦСКА 3, Плзен 0.

Мх.П.