Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, верува дека Баерн Минхен ќе го елиминира Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампиони.

Реал, во првиот натпревар кој се одигра минатата среда во Мадрид, победи со 1:0, со голот на Карим Бензема, возвратниот меч ќе се одигра во вторник во Минхен. –„Секако дека на Баерн му посакувам многу среќа на тој натпревар. Убеден сум дека Баерн ќе го добие овој двомеч“, рекол Клоп.

Борусија од Лигата на шампиони беше елиминирана токму од Реал, во Мадрид беше 3:0, додека во реваншот Борусија победи со 2:0.

Вториот полуфинален реванш ќе се одигра во среда, во Лондон, каде Челзи ќе го пречека Атлетико Мадрид.

„Макфакс“