Оптимизмот владее во екипата на Арсенал пред реванш мечот со Милан во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. “Топџиите“ на Сан Сиро беа “разоружани“, а “росонерите“ славеа со убедливи 4-0.


Реванш натпреварот се игра на Емирати, навивачите и фудбалерите на Арсенал веруваат во чудо, а најгласен е менаџерот Арсен Венгер, кој даде интресна изјава за англиските медиуми – “Ко можеше Милан да постигне четири погодоци, зошто да не и ние“.

 “Росонерите“ во сезоната 2003/4 по првиот 1/4 финален меч со Депортиво имаа предност од 4-1. Реванш мечот на Риазор заврши со 4-0 и Депортиво Ла Коруња се пласираше во 1/2 финалето. Англичаните посакуваат ваков расплет и вечерва  на “Емирати“


Мх.П.