Македонските тимови Вардар и Металург во 1/4 финалето за противнци ги добија Флензбург односно Кил кои доаѓаат од најсилната ракометна лига на светот Бундес лигата.

Во четвртфиналната ждребка повеќе среќа имаше Вардар него Металург и пласманот на „фајнл фор“ веќе станува реалност за „црвено црната“ навивачка армија.

Во историја противникот на Вардар, Флензбург само еднаш ја покорил германската Бундес лига, а дури два пати играл во финалето од Лигата на Шампиони (2004 и 2007) и два пати изгубил.

Флензбург има две титули од второто натпреварување по ранг во Европа, ЕХФ купот 2001 и 2012 година. Составот на Флензбург е составен од ракометари кои доаѓаат од Данска, Исланд, Шведска и секако од домашно германско тло.

Противникот на Металург во 1/4 финалето Кил има далеку побогата историја него ривалот на Вардар. Екипата на Кил 18 пати ја има освојувано титулата во Бундес лигата, три пати во Лигата на Шампиони и девет во Купот на Германија.

Четири титули во домашниот шампионат Кил има освоено во последните пет сезона. Од 2007 година навака има играно дури во пет финални натпревари во ЛШ (2007, 08, 09, 10 и 12 година), а има добиено три.

Составот на „зебрите“ изобилува со интернационалци, а најпознати се Филип Јиха (Чешка), Марко Вујин (Србија), Гудјор Валур Сигурдсон (Исланд), Никлас Екберг (Шведска), Рене Тофт Хенсен (Данска),

Сезоните 2007 и 2010 се најуспешни во историјата Кил бидејќи тогаш освојуваат по три трофеи и тоа ЛШ, Купот на Германија и Бундес лигата.

Секако дека ваков реномиран противник треба да биде мотив повеќе за пулените на хрватскиот стратег Лино Червар кои сезонава во Скопје веќе срушија две големи ракометни екипи Барселона и ПСЖ.

Мх.П.