Баерн Минхен негува сосема различна игра од “тик так“ на Барселона. Стратегот на “баварците“ бара фудбал со многу трчање и дисциплина, а кога се прави тоа Баерн Минхен е беспрекорен.
Лионел Меси и соиграчите веќе неколку години се препознатливи по “досадната“ игра, која сега за сега им носи резултати. Две титули во четири години во Лигата на Шампиони.
Тито Виланова го наследи стилот на Пеп Гвардиола не промени многу, а немаше ни потреба. Тој единствено главоболки има за одбраната, која ќе биде крпена за дуелот со Баерн Минхен.
Натпреварот се игра во 20:45 часот, а ќе го води Унгарецот, Виктор Касаи. Тој е таличен судија за “каталонците“, кои со него на центарот го совладаа Манчестер Јунајтед во финалето на Вембли.