Борусија Дортмунд ќе гостува во Амстердам, кај Ајакс, и доколку освои барем еден бод ќе избори пласман во нокаут рундата.
Работите се јасни во А групата, каде чудо треба да се случи па ПСЖ да не му се приклучи на Порто во следната рунда. Порто ќе го пречека аутсајдерот Динамо Загреб, додека ПСЖ ќе гостува во Киев.
Неизвесна борба за влез во осминафиналето, во Б групата, ќе водат Шалке, Арсенал и Олимпијакос. Со оглед на распоредот во нешто подобра позиција се германскиот и англискиот тим – Шалке ќе го пречека Олимпијакос, а Арсенал ќе му биде домаќин на Монпеље.
Во групата Ц, Малага растоварена од сите грижи ќе му гостува на Зенит, кој во последните две кола, со евентуални шест бода има можност да се пласира во нокаут рундата. Милан ќе гостува во Брисел, кај Андерлехт, а победа за било која од екипите ќе значи чекор поблиску до осминафиналето.
Група А:
Динамо Киев-ПСЖ, Порто-Динамо Загреб
Табела: Порто 10, ПСЖ 9, Динамо Киев 4, Динамо Загреб 0
Група Б:
Арсенал-Монпеље, Шалке-Олимпијакос
Табела: Шалке 8, Арсенал 7, Олимпијакос 6, Монпеље 1
Група Ц:
Зенит-Малага, Андерлехт-Милан
Табела: Малага 10, Милан 5, Андерлехт 4, Зенит 4
Група Д:
Манчестер Сити-Реал Мадрид, Ајакс-Борусија Дортмунд
Табела: Борусија 8, Реал Мадрид 7, Ајакс 4, Манчестер Сити 2