Катарските милиони наспроти руските, од една страна „специјалниот“ стратег Жозе Мурињо од друга ексцентричниот Златан Ибрахимовиќ, кој игра фантастична сезона. Има само едно место, а големи две желби за полуфиналето во Лигата на Шампиони.
Францускиот тим ПСЖ како никогаш до сега немал квалитетна екипа предводена од Ибракадабра, Кавани, Тијаго Силва, Лавеци, но наспроти себе за противник го имаат Челси со Мурињо на клупата.
Ова нема да биде дуел помеѓу Ибрахимовиќ и Мурињо, но само тие се во фокусот бидејќи тие го прават овој дуел со посебен шмек.
Во вториот четвртфинален натпревар ќе се сретнат Реал Мадрид – Борусија Дортмунд, а сеуште се свежи сеќавањата на шпанците од минатогодишнта елиминација во 1/2 финалето.
Сезонава дојде ред кралскиот клуб да наплаќа долгови, но иако поголем дел играчите кои тогаш играа за Дортмуд сега не се во состав сепак нема така лесно да се предадат.
Мх.П.