Арсенал, Бенфика, Бате Борисов, Викторија Плзен и Лион се последните патници во елитната Лига на Шампиони.


Топчиите висеа над амбисот, но голманот Чесни го одбрана пеналот при резултат 1-1 и работите се свртија во корист на премиерлигашот. Ван Перси и Волкот стрелаа за победа која треба да им донесе мир во соблекувалната.

Во воведниот натпревар Лион ремизираше со Рубин и со севкупни 4-2 се пласираше во натпреварите по групи.

Резултати :
Рубин – Лион 1-1 (1-3)
Бенфика – Твенте 3-1 (2-2)
Штурм – Бате Борисов 0-2 (1-1)
Удинезе – Арсенал 1-2 (0-1)
Викторија – Копнехаген 2-1 (3-1)

Во заградата се резултатите од првите натпревари.