Со комплетирање на последното шесто коло познати се сите патници во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.

Најголемо изненадување е елиминацијата на европскиот првак Челси откако Јувентус одеше по бод, а освои три на гостувањето кај Доњецк победувајќи 1-0. Мала утеха за “сините“ е високата победа 6-1 над данскиот Норсјеланд и пласманот на третата позиција која води во Лигата на Европа.


Романскиот Клуж забележа сензационална победа 1-0 над Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, но сепак таа не вредеше пласман во најдобрите 16 на стариот континент. Галатасарај успешно ја заврши мисијата во Португалија освојувајќи ги трите бодови. Поради подобриот меѓусебен скор турскиот гигант патува во нокаут фазата.

Резултати :

Група Е: Челзи-Нордјеланд 6-1, Шахтјор-Јувентус 0-1


Табела :
Јувентус 12, Шахјтор 10, Челси 10, Нордсјеланд 1.

Група Ф: Баерн Минхен-БАТЕ Борисов 4-1, Лил-Валенсија 0-1


Табела : Баерн Минхен 13, Валенсија 13, Бате Борисов 6, Лил 3

Група Г: Барселона-Бенфика 0-0, Селтик-Спартак Москва 2-1


Табела : Барселона 13,
Селтик 10, Бенфика 8, Спартак 3.


Група Х: Манчестер Јунајтед-Клуж 0-1, Брага-Галатасарај 1-2


Табела : Манчестер Јунајтед 12, Галатасарај 10, Клуж 10, Брага 3.

Сите патници во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони

Првопласирани
 Вторпласирани
Јувентус  Шахјтор
Мен Ју  Галатасарај
Барселона  Селтик
Баерн Минхен  Валенсија
Дортмунд  Реал Мадрид
ПСЖ  Порто
Малага  Милан
Шалке  Арсенал

Мх.П.